Променливо облачно и релативно топло

0
427

Времето ќе биде променливо облачно и релативно топло, во западните и јужните делови со повремен локален дожд, особено попладне. Ќе дува слаб до умерен умерен јужен ветер.

Температурата ќе се движи од 8 до 20 степени. До понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд.

Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, особено во понеделник, кога брзината на ветерот на моменти ќе достигнува до 80км/час. Во почетокот на следната недела ќе биде доста топло за овој период од годината.

Без коментари

LEAVE A REPLY