Променливо облачно и топло

0
212

Метеоролозите за во вторник во Македонија најавуваат променливо време.

Претпладне ќе преовладува сончево време со слаб јужен ветер. Попладне ќе има зголемување на облачноста, а кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни проследени со грмежи

Минималната температура ќе се движи од седум до 17 степени, а дневната од 23 до 32 степен. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе изнесува 12, а максималната ќе се искачи до 29 степени.

Без коментари

LEAVE A REPLY