Променливо облачно со дожд

0
319

Денес во источните делови ќе преовладува променливо облачно време, а во западните и јужните претежно облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен југоисточен ветер.

Во текот на ноќта под влијание на циклон во Медитеранот, почнувајќи од западните делови врнежите ќе се интензивираат и ќе се прошируваат кон исток. Врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет ќе има и утре во текот на денот. Локално ќе бидат пообилни и понекаде ќе надминат 25 л/м2, особено во западните и југоисточните делови. Во овие региони можна е и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Потоа во наредните два дена ќе настапи преодно стабилизирање на времето.