Променливо облачно со локален дожд

0
131

Времето денеска променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, кои повеќе ќе бидат застапени во западните, во источните и југоисточните делови на земјава. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, а попладне ќе го смени правецот во источен и североисточен и повремено ќе се засилува.
Највисоката температура денеска во земјава ќе достигне од 12 до 17 степени.

В среда и четврток времето ќе биде облачно со обилни врнежи од дожд кои на места се очекува да надминат 60 л/м2. Локално, особено на југ ќе има услови за пороен дожд и грмежи. И в петок ќе има врнежи, но со умерен интензитет кои во текот на денот ќе престануваат.