Променливо облачно со локален дожд

0
349

Времето  ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, особено попладне и во јужните и југозападните делови.

Ќе дува умерен, повремено засилен северозападен ветер, особено долж Повардарието.

Утринските температури се движат во распонот од 4 до 10 Целзиусови степени, додека максималните дневни ќе достигнат меѓу 10 и 21 степен.

Во понеделник ќе биде променливо облачно, а услови за слаб локален дожд ќе има во источните делови.

Од вторник ќе настапи период на стабилно време со пораст на дневната температура, освен во четврток попладне кога ќе има услови за краткотраен пороен дожд./крај/ухмр/мф