Променливо облачно со повремен дожд

0
153

Претпладне по одделни котлини со магла и ниска облачност. Попладне променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе се со локален карактер. Во југоисточните делови ќе има услови да бидат поројни и со појава на грмежи. Ќе продолжи да дува јужен ветер кој на повеќе места ќе биде засилен, особено вдолж Повардарието и источните делови. Максималната температура ќе достигне во интервал од 11 до 18 степени.

Во наредните денови ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Пообилни врнежи се очекуваат во среда и четврток, и ќе се проследени со северен ветер и опаѓање на температурата, а на планините врнежите ќе поминуваат во снег.