Променливо облачно со повремен дожд

0
444

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во јужната половина од земјава на места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Поради спуштање на постудена воздушна маса, позначителна нестабилност се очекува кон крајот на денот кон сабота.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 24 до 30 степени.

Во Битола променливо облачно со повремен дожд и дневна температура до 25 степена.

 

Утре во текот на денот ќе биде претежно облачно со засилен северен ветер и со повремени врнежи од дожд со ретки грмежи, пообилни во западните делови. Засилен ветер и пониски температури ќе има до понеделник, а во недела можен е слаб дожд.