Променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд

0
358

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд, а на планините со слаб снег.  Ќе дува умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири, а дневната од девет до 15 степени.

Во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво со постепен пораст на дневната температура.