Променливо облачно време

0
185

 

Променливо облачно со сончеви периоди, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб, претпладне умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.

Во Битола до 15 степени.

Утре и во понеделник ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Во вторник и среда ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, пообилни во западните делови, особено во среда, кога ќе има услови и за ретки грмежи.