Променливо облачно време со слаб повремен дожд

0
199
Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со слаб повремен дожд во западните и особено во источните делови од земјата.
Утринската температура ќе се движи од шест до 14 степени, а дневната температура од 16 до 24 Целзиусови степени: Скопје 22, Куманово 21, Тетово и Гостивар 22, Маврово 15, Охрид 20, Битола и Прилеп 21, Крушево 16, Кавадарци и Дојран 23, Гевгелија 24, Струмица 21, Виница 20, Штип 23, Берово 17, Свети Николе 21.
До петок ќе преовладува променливо облачно и свежо со локални врнежи од дожд. Од среда кон четврток врнежите ќе се почести на југот и најинтензивни на југоистокот од земјата. Од четврток температурите ќе се повторно пониски за неколку степени.

Без коментари