Промоција на 4 книжевни дела од едицијата „130 тома македонска книжевност”

0
1384

Денес во НУ – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски” – Битола беа промовирани четири книжни дела од едицијата  „130 тома македонска книженост”.Промоцијата беше посветена на Светите браќа Кирил и Методиј , како основополжници на сесловенската писменост.

-Книгите го опфаќаат периодот од 9 до 11 век односно периодот од Кирил и Методиј до преродбениците. За мисијата на Светите браќа Кирил и Медоди, за нивните ученици Св.Климент и Св.Наум Охридски на овие простори како и натамошните дејци врз почетоците и развојот на македонската просветеност , изјави Николина Поповска професор по македонски јазик и книжевност. Промоцијата се одржа со помош на учениците од СОУ „Таки Даскало“ од Битола и настап на поетесата Билјана Тодоровска

-Со цел да ја популаризираме и остваруваме мисијата на книгата, како институција во која таа е основно средство за работа ја реализираме оваа активност преку која воедно ќе одбележиме еден значаен повод – 24 Мај, празникот посветен на Светите браќа Кирил и Методиј (солунските браќа просветители), како основополжници на сесловенската писменост, изјави Лили Бошевска директор на НУ – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски” – Битола.

Оваа едиција е дел од неколкуте капитални издавачки проекти на Министерството за култура, односно Владата на Република Македонија.