Промоција на документарен филм на Наим Алили во Битола

0
499

Во Битола се одржа промоција на документарниот филм на Наим Алили во Центарот за култура.
Се работи за филм прв од ваков вид кај нас.
Филмот е изработен во соработка со Муфтиството на Битола, во режија на Алили.
Главната улога во филмот ја има Мухамет Рустеми, сценографи се Амелија Јошевска и Семран Асани.
Промоцијата на филмот започна со прикажување на видео запис на пејачот Сами Јусуф и песната која носи универзална порака за љубов, што беше одличен вовед во филмот.

Наим минатата година беше награден со медалот Уника за филмот „Едерлези“ на Интернационалниот фестивал на непрофесионален документарен филм „Камера 300“ во Битола.