Промоција на документарниот серијал Градбите на Битола

0
588

 

Преку промоцијата на проектот „Градбите на Битола“ играно-документарен серијал, присутните во културниот центар Магаза, имаа можност да видат дел од она што е значаен белег на Битола и по што таа е препознатлива.

Се дружеа со минатото, а повеќе со денешнината, но низ призмата на вековите за нас. Бројките го плетеле секој изминат ден, за денес исто или можеби слично како во минатото нашата Битола да биде привлечно место и за оние кои минувале, престојувале, а и за сите оние кои останале да живеат во неа.

Од еден од старите и многу значајни архитектонски објекти на Битола, инаку и тој како и многу други споменици на културата, беше раскажана приказната за Саат кулата, за Хераклеа, за џепането, за црквата свети Димитрија, за Исак џамија, за католичката црква, за Широк сокак и тн.

Повеке за сите нив, од аспект на тоа кои се највпечатливите градби на Битола? Која историја ја кријат? Кои биле нивните градители?
Настанот беше дел од годинашниот Бит фест.

Без коментари