Промоција на ExYou на ПМГ Колектив во Битола

0
530

Македонскиот музички состав ПМГ Колектив во ноќниот клуб База, го промовираа шестиот албум ExYou.
Албумот содржи девет песни, кои сликаат еден современ, урбан скопски, па и македонски пејсаж; авантуристички поп албум со позитивен став и поглед напред, или како што се вели во песната Среќен – “Среќен, научи да бидеш среќен”. Музички издржан, инспративен, динамичен и забавен македонски електро поп албум.
ПМГ Колектив работеше на албумот година и половина. Албумот излезе на 2-ри април, како 119-то издание за македонската издавачка куќа ПМГ Рекордингс.
Промоцијата во Битола е најава за 10-тото јубилејно издание на АКТО.