Промоција на изложбата-Убавините на Новаци

0
157

Во општина Новаци, беше презентирана изложбата на фотографии и електронски разгледници со наслов „Убавините на Новаци“. Изложбата е дел од овогодинешното издание на Културно лето Новаци 2015,во реализација на Мартин Николовски.

– Целта на оваа изложба на која беа претставени 30 фотографии и електронски разгледници, е да се прикажат убавините на Општина Новаци, на целата територија која ја зафаќа општината, а воедно со подготовката на електронските разгледници кои ќе бидат во сопственост на општината, да се поттикне и развој на рурален туризам во овој дел од Македонија-истакна Мартин.

Општина Новаци располага со голем број на значајни знаменитости, културни богатства и природни убавини. Меѓу нив ќе ги споменеме црквата Пресвета Богородица, мостот во Зовиќ, куќата на Калеш Анѓа, спомен костурница и воена караула „Др. Рајс“ во село Скочивир. Неможеме да ги изоставиме и рудниците Суводол и Брод, Гнеотино како и рударско – енергетскиот комбинат РЕК – Битола.