Промоција на книгата Од агресија до љубов во Битола

0
398

Развивањето на емоционалната интелигенција преку будност и свесност за сопствените чувства го развиваат успешниот начин на однесување, пред се, кон себе си, потоа кон семејството и преку него во општеството. Ова е дел од книгата Од агресија до љубов- Природата на човекот, развојот на телото, умот и духот, на психологот Теодора Костовска и проф. д-р Методи Чепреганов – Специјалист по невропсихијатрија и епилептологија, чија промоција ќе биде на 19 ти октомври во битолскиот Завод и Музеј. За книгата Костовска изјавува- За ме­не сре­ќен чо­век е оној што ус­пе­ал да го споз­нае сво­јот не­при­ја­тел, мир­но да се наб­љу­ду­ва се­бе­си, си­те свои по­ри­ви, со си­те свои не­га­тив­ни ас­пе­кти. Оној чо­век што ус­пе­ал да се сов­ла­да стра­вот е сре­ќен чо­век.

Потиснувањето на емоциите го пореметуваат рационалниот и реален пристап и поглед на Животот. Развивањето на емоционалната интелигенција преку будност и свесност за сопствените чувства го развиваат успешниот начин на однесување, пред се, кон себе си, потоа кон семејството и преку него во општеството.

Про­фе­сор д-р Ме­то­ди Че­пре­га­нов е европ­ски и свет­ски екс­перт по епи­леп­то­ло­ги­ја. Во не­го­ва­та би­о­гра­фи­ја е за­пи­ша­но де­ка е автор на 25 мо­но­гра­фии и на 22 струч­ни кни­ги, глав­но на фран­цу­ски ја­зик, а не­го­ва­та на­уч­на ра­бо­та е по­вр­за­на со бо­ле­сти­те на гла­ва­та и на мо­зо­кот.

Во книгата се работи за аку­му­ли­ра­ни зна­е­ња или дол­го вре­ме наб­љу­ду­ва­ње во од­нос на сѐ она што се слу­чу­ва пра­ктич­но и праг­ма­тич­но во жи­во­тот, сѐ она што ни го од­зе­ма тр­пе­ни­е­то, ни ја стес­ну­ва свес­но­ста, сѐ она што нѐ пра­ви тоа што не сме, сѐ она што ни ја од­зе­ма на­ша­та ви­стин­ска при­ро­да, а тоа е љу­бо­вта. Ко­га го­во­ри­ме за агре­си­ја, го­во­ри­ме од ас­пект на на­гон. Во ко­ја на­со­ка тој ќе се раз­вие, ка­ко ќе се упра­ву­ва со не­го, ка­де ќе се на­со­чу­ва, ка­де кон­стру­ктив­но­то ќе пре­ми­не во де­стру­ктив­но.вели Костовска и додава-Мо­јот ас­пект на гле­да­ње на чо­ве­кот е хо­ли­стич­ки – не­раз­дел­на за­ед­ни­ца по­ме­ѓу те­ло­то, ин­те­ле­ктот, умот и ду­хот или ду­ша­та. Таа е вна­тре во нас. Ни­кој не мо­же да збо­ру­ва за агре­си­ја­та над­вор, ако не ја сов­ла­дал сопс­тве­на­та агре­си­ја. Кои се тие си­ту­а­ции што ќе го на­те­ра­ат да го зго­ле­ми то­нот на гла­сот, да­ли тоа го пра­ви со­се­ма свес­но, или тоа му до­а­ѓа од­на­тре. Чо­ве­кот сам од­лу­чу­ва ка­ко ќе по­ста­пу­ва, што ќе пра­ви, ка­ко ќе се од­не­су­ва во жи­во­тот.

Професор Чепреганов е со став дека агресијата и самоувереноста се чувства кои доминираат, преплавуваат, ја поматуваат свеста и интуицијата и затоа пошироките народни маси треба да се што повеќе свесни за причините и последиците од ваквата појава.
Кај човекот честопати, поради интелектуална немоќ за справување со соговорникот, отсуство на знаење, немање ментален капацитет и концентрација, култура на комуницирање и однос кон дијалогот во меѓучовечките односи, се раѓа и се активира агресивноста.
Те­о­до­ра Ко­стов­ска, пси­хо­лог по дип­ло­ма, ина­ку учи­тел по умет­ност на жи­ве­е­ње, за­ед­но со не­вроп­си­хи­ја­та­рот, про­фе­со­рот д-р.Ме­то­ди Че­пре­га­нов, на­пи­шаа две кни­ги Стрес, не­со­ни­ца, ан­кси­оз­ност, де­пре­си­ја и Стре­сот и ние.

Промоцијата на книгата Од агресија до љубов ќе биде со почеток од 18.30.