Промоција на книгата Од збор до збор на Тихомир Јанчовски

0
437

Второто печатено издание на книгата Од збор до збор, на Тихомир Јанчовски, беше промовирано во Центарот за култура.

По електронското издание кое пред две години имаше над 10.000 споделувања, печатената верзија е направена за оние што сакаат да ја имаат книгата „вистински“, со страници и со корици.

Изборот на песни во оваа книга, нѐ води низ пространиот поетски свет на Тихомир Јанчовски.

Од збор до збор, објавена од Антолог, е избор од шест книги-Обични зборови , Два, Последно време, Осама, О, ти, Староста може, а и не мора да се дочека .

Тихомир Јанчовски е поет, колумнист и преведувач.

Избори од неговата поезија се преведувани и објавувани во различни литературни списанија и антологии.

Преведуван е на англиски, француски, словачки, српски, хрватски, албански, грчки и на италијански јазик. Од 2013 година редовно објавува колумни во Утрински весник.

Стихови на промоцијата читаа Зоран Тортевски, Марјан Ивановски, кој беше и промотор, Добрила Грашеска и авторот.

По завршувањето на официјалниот дел, следуваше музичка промоција, со етно-свирка на бенд во специјален состав за оваа пригода.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY