Промоција на книгата Ода за Орфеј во Битола

0
357

Поетесата Снежана Алексиќ Станојловиќ, во кафе бар Радост, ја промовираше својата најнова книга Ода за Орфеј.

Книгата беше промовирана и во рамките на струшките книжевни средби минатата година.

За поетесата книжевните критичари велат дека таа е вистински пример на уметник, кој ги зацврстува односите меѓу две земји, Македонија и Србија преку поезијата.

Станува збор за поетска книга пишувана подолг временски период двојазично на српски и македонски јазик.

Авторката многу често патува и настапува низ градовите во регионов и носител е на повеќе значајни награди и признанија.Во 2015 за Ода за Орфеј, од агенцијата за иселеништво, и беше доделена наградата Стојан Христов во рамките на струшките вечери на поезијата.

Промотори на книгата во Битола беа проф.д-р Златко Жоглев и проф.д-р.Даниела Андоновска Трајковска.

Снежана покрај пишувањето, се занимава и со преведувачка и препејувачка дејност, препејувајќи поезија на македонски автори за српски изданија.

Книгата претходно имаше неколку промоции во Скопје и Ниш. Снежана е родена во Скопје, каде го поминала раното детство, а моментално живее и работи во Република Србија.