Промоција на книгата- Зошто слобода

0
273

Во културниот центар Магаза, беше промовирана книгата Зошто слобода , составена од есеите на студенти, политиколози, новинари, филозофи и активисти кои се занимаваат со помоција на идеите на слободата во 21 век.

Промотори на истата беа Д-р. Горан Илиќ, Никола Љ. Илиевски и Никола Г. Петровски.

Својата мисија, промоторите ја остваруваат со помош на конференциите, форумите и другите настани организирани од движењето Students For Liberty, кое е распространето со студентски групи на универзитетите на сите континенти.

KNIGA3.jpg

Ова движење е најдинамичното младинско движење за слобода во светот. Книгата Зошто слобода, ни дава надеж за следните генерации,оваа збирка на есеи е толку информативна и толку добро напишана, како што истакна Лејн Кислинг, што ќе ги нахрани желбите на читателот за читање а во исто време е можност да се научи нешто повеќе, околу фундаменталната улога на слободата во општественото уредување.