Промоција на монографија во Битола за 20 години PMG Collective

0
367

20-годишнината од постоењето на PMG Collective и 10 години од првиот концерт на бендот PMG Kolektiv, се одбележа и во Битола со настап на групата во Бар чаршија.

Овој бенд е артистичка организација која постои и активно делува во рамките на македонската популарна култура од август 1995 година. Настаната на искршените скопски улици и развивана во јавност, тоа е веројатно највлијателната алтернативна формација, одговорна за широк спектар акции.
Огромен број музичари, диџеи, театарски режисери, актери, дизајнери, сликари, хакери, пријатели поминаа низ или се дел од Колективот. Милион журки, концерти и неопишани видови настани се дел од дваесетгодишниот континуитет кој се одвива ден за ден, викенд за викенд. Токму континуитетот и автентичниот квалитет на активностите е главната карактеристика на оваа формација.
PMG Kolektiv во оваа форма, започнуваат со работа во 2003та година и набрзо стануваат еден од бендовите предводници на новата македонска музичка сцена.
Инаку ПМГ Колектив е еден од нашите концертно најактивни бендови (околу 250 концерти во последниве 10 години), а редовно настапуваат и надвор од границите на Македонија. Бендот досега има издадено 6 студиски албуми, а е одговорен и за голем број хитови во земјата, како: Ти си Мојот Свет, 80-Ти, Скопјанка, Манекенки, Контрол, Ние Сме од Скопје.

По повод 20-те години од постоењето, PMG Kolektiv издадоа и монографија.