Промоција на Пулсот и времето на Ана Јовковска, викендов во Битола

0
1114

– Битола сеуште има корзо. Денешно, ново Скопје само носталгично се сеќава на тој феномен на старо Скопје. Битолското корзо е место на средби, погледи и случајни допири, исто како што книгата е место на приказни, ликови и допири меѓу реалното и имагинарното-вели водителката Ана Јовковска по повод промоцијата на нејзината книга во Битола.
Под мотото На Широк Сокак со книга и Читалиште е новото шеталиште, ќе се одржи промоцијата на нејзината книга „Пулсот и времето“ , на 29-ти август, сабота, во 21 часот во кафе бар „Порта Џез“.ana1
„Пулсот и времето“, го портретира македонското општество во една декада низ креативни разговори со јавни личности, интелектуалци, писатели, актери, професори, дипломати, уметници и политичари. Дел од разговорите во книгата се снимени токму во Битола како интервјуата со светски познатите актерски ѕвезди Катрин Денев, Жулиет Бинош, Дерил Хана, интервјуата со писателот Гоце Смилевски, актерката и продуцентка Лабина Митевска, драматургот Дејан Дуковски и други.
На концепциски разиграната промоција во Битола, Јовковска доаѓа со гости од Скопје.
Рецензенти на книгата се проф. Венко Андоновски, проф. Ферид Мухиќ, Никола Ристановски, Дејан Дуковски, проф. Елизабета Шелева и проф. Александар Прокопиев.

Без коментари

LEAVE A REPLY