Промоција на романот „Будење“ од Гордана Петров Такец

0
195

Кога една жена ќе стане свесна за своите доблести, кога една жена ќе се вивне и ќе се исправи пред мажот кој го сакала со години и да му плесне в лице дека е самостојна, посилна од него. Никој повеќе не ќе може да и нанесе болка. Од овој живот, чекори кон следниот научена за многу работи. Но овој пат…Будна!

Писателката Гордана Петров Такец пред биточлани го промовираше својот најнов роман „Будење”.

Гордана Петров Такец е родена во 1949 година во Битола. Со своето животно и професионално искуство, после наобразбата стекната во Битола, Скопје и Украина, се здобива на повеќе работни места.

Досега има објавено 19 посериозни трудови, 7 збирки песни, но вистинската популарност ја стекнува со романот „Креветот како триумф” напишан и објавен во нејзините повозрасни години.

budenje2.jpg

Романот е сторија – автобиографска книга во која се запишани сите насобрани спомени, напластени со години, преточени на хартија во стилот “без влакна на јазикот”, без страв, срам, поштедување и задршки.

Со огромна смелост е запишан бурниот емотивен живот, животните, љубовните и професионални превирања низ кои минала низ својот живот.

Наградувана е за своите трудови, особено со меѓународни награди, дипломи и признанија. Со вториот роман се заокружува животот преку настаните, агониите, напуштањата, отфрлањата, љубовта, односно целиот живот испишан на парче хартија.

Гордана Петров е ретка личност – жена со широко и лавовско срце и мека душа. Жена во вистинска смисла на зборот – храбра, зошто го живее животот онака како што го чувствува, не инхибирајќи се себеси од ништо и пред никого. Да се биде она што си, всушност е утопија која на малкумина им успева, и тоа само на најхрабрите.