Промоција на спотот If you wanna leave me на Тоше Проески

0
354

 

Во Спомен – куќата на Тоше Проески, во неговото родно Крушево, а по повод неговиот 35-ти роденден, беше промовирана уште една негова композиција. Новата песна носи наслов „If you wanna leave me“.

Песната е на англиски јазик, а аранжамот е во латино стил. Видеото е исполнето со пејсажи од охридскиот регион, како и од Крушево.

Охридското Езеро е во фокусот на новиот музички спот за песната „If you wanna leave me“, која е дел од необјавената музичка колекција на нашата легенда Тоше Проески.

Песната е снимена како балада и во латино верзија и е најава за постхумен албум со необјавени песни од Тоше.

Режисер на спотот е Дарио Јанковиќ.

Песната се подготвуваше во студио под надзор на британскиот продуцент Енди Врајт и менаџерот на матичната издавачка куќа на Тоше.

Баладата е се уште на доработка во Лондон и се очекува нејзина промоција во наредниот период.

– Наредна песна од Тоше, која ќе биде објавена е на хрватски со наслов- Знај на Миро Булјан информираше за Јутарњи весник, Славен Ристески претстедателот на меѓународната фондација Тоше Проески.

Во Крушево традиционално е организирана и крводарителска акција како и во АРМ во Скопје.

Традиција која започна во 2010 година и оттогаш акции се одржуваат двапати во годината – во јануари и во октомври.

Во изминатите крводарителски акции во спомен на Тоше Проески 3.300 лица дарувале крв.