Промоција на цд и книги за црковната музичка традиција

0
422

Во организација на Центарот за култура Битола и преспанско пелагониската епархија, се одржа промоција на цд со византиско црковно пеење Псалми и опус на книги од д-р Јане Коџабашија.

Во оваа пригода беа промовирани научни монографски изданија по црковно пеење од византиската традиција.

Професорот Коџобашија во Битола претстави дел од своите 15 книги ,

последната на Андон Шахпански со наслов Псалтика.

Издавач на музичкот албум со црковно пеење кој содржи 10 композиции, кои ги изведуваат машкиот хор Св. Нектариј Битолски и женскиот хор Св. Макрина, е Центарот за кутлура.

Овој проект се работеше подолго време и придонесува за зачувување и негување на богатата традиција на црковно пеење на Битола, а се надополнува на бројните активности на Центарот за култура.

Битола е некогашен центар на црковното пеење во Македонија, во кој престојувале најголемите музички дејци од периодот на националната преродба, а во последните години, ја враќа старата слава-истакна Коџобашија.