Промоција на What about на ЗАА во Битола

0
338

Српскиот бенд Заа, кој публиката и критичарите го нарекуваат концертна атракција, пролетната турнеја на третиот студиски албум ја започнаа во Прилеп и Битола.
Кај нас настапија во кафе бар Порта Џез а со оглед на тоа дека по втор пат доаѓаат во нашиот град, првиот да се потсетиме настапија на манифестацијата Битола отворен град, за Битола велат дека се чувствуваат како дома и гостопримството треба да го патентираме.

Иако и понатаму е актуелен ска и реге ритамот во новиот албум,повеќе не е во прв план и го отстапува првото место на рок звукот.
Во жанровска смисла албумот критичарите го класифицираат како пост рок реге .

Porta_Jazz_-_3.jpg
Новиот албум со наслов -what about, е чекор понатаму во развојот на музичкиот израз на бендот и носи поцрвст звук за разлика од претходните два.

Песните и понатаму се енергични, стихот послободен а пораките пожестоки.
Битолчани покрај веќе познатите синглови кои веќе станаа хит како-99 hope,i drive, what about, time , имаа можност да слушнат и потполно нови песни како и избрани синглови од целокупната дискографија на бендот.

Porta_Jazz_-_1.jpg

Претходно Заа, настапуваа како гости на концертот на Сарс во Загреб, настапуваа во Ниш,Белград, Лесковец, Љубљана.
Со новиот албум покажуваат дека не се двоумат да експериментираат со различните но сепак блиски меѓусебно музички жанрови .
Албумот започнува со 99 hope, како обраќање кон генерациите, за најжестока песна критичарите ја оценуваат- Irie & Kool, која кокетира со брзите реге форми,What About ги враќа на сигурниот ска колосек , досека Summer Rain е експериментирање со поп рок жанрот.

 

Неда Маретиќ