Промоција на збирката поезија- За зборот наш и сонцето

0
255

По повод 70-годишнината од Денот на победата на фашизмот, 9-ти мај, Општинскиот одбор на Сојузот на борците и граѓаните продолжувачи – Битола во НУУБ „Св.Климент Охридски„ – Битола ја промовираа збирката современа револуционерна поезија -За зборот наш и сонцето,
од битолскиот поет Радован П. Цветковски.

Biblioteka_-_3.jpg

Цветковски ги има објавено делата-Моето поднебје, Бели несоници, Кругови од лузни, Камен и небо, Дедо ми во балканските војни, Кога звездите кон небото паѓаа, Јазли на душата, Сонцето претчувство, поетските избори-Врати во пејсажот,Аманети, Распетие наше,прозните дела-Ангелот и клучот,Блиску до умот, повеќе дела проза за деца и млади, критики и студии.

Biblioteka_-_1.jpg
Добитник е на повеќе награди и признанија меѓу кои се издвојуваат-4 -ти ноемрви, награда за животно дело, плакета 50 години македонско научно друштво, главна плакета на главниот одбор на сојузот на борци на Македонија и други.

 

Неда Маретиќ

Без коментари

LEAVE A REPLY