Промоција на збирките поезија-Распеано славејче и Весела дружина

0
124

Во Центарот за култура во Битола се одржа промоција на две збирки поезија за деца „Распеано славејче” и „Весела дружина”.

Збирките ги издаде Здружението за наука, култура и литература „Златно Перо”, а во нив учествуваа повеќе од 100 автори од цела Македонија како и од Хрватска, Австрија, Германија и Австралија.

Станува збор за две збирки поезија за деца „Златно славејче” и „Весела дружина” кои се дела на група автори од цела Македонија како и од странство.

Здружението Златно перо, се залага за промоција на културата и литературата.

На промоцијата се доделуваа благодарници, дипломи и сертификати за најуспешните песни како и парични награди, а дел од истата беше и настапот на детскиот хор „Ѕвончиња”, музичкиот перформанс на Марија Цветановска како и мини коктел.