Промовиран документарниот филм Мостот помеѓу Битола и Нингбо

0
458

Во рамките на БИТ ФЕСТ, беше промовиран документарниот филм Мостот помеѓу Битола и Нингбо”. Филмот ги претставува односите на соработка и пријателство помеѓу општина Битола и седум милионската кинеска општина Нингбо.

Низ една динамична видео приказна беше засведочено збратимувањето, градењето на пријателството и соработка.aneta2

Документарниот филм, чиј автор е новинарката Анета Шијакова, е сниман во Нингбо, Кина и Битола во текот на 2014 и 2015 година.

Во документарниот филм се претставени и посетите на кинеските делегации во Битола и нивниот интерес за економска соработка, како и престојот во Кина на битолскиот градоначалник д-р Владимир Талески. На овој начин филмот ,,Мостот помеѓу Битола и Нингбо дава еден заокружен приказ на процесот на збратимување, но и развојот на односите помеѓу Нингбо и Битола, како основа за развој на бизнис, културни и други релации помеѓу Битола и Нингбо.