Промовирана енциклопедијата Со Битола растеме

0
480

Со Битола растеме –e насловот на детскиот едукативен хепенинг кој во рамките на битолското културно лето се одржа во Битола.

Во рамките на хепенигот беше промовирана и првата детска илустрирана мини – енциклопедија за градот Битола со едукативен карактер.

Енциклопедијата претставува извор за информации кои се однесуваат на Битола и нејзиното опкружување. За текстовите се погрижи Александар Јаневски.

Енциклопедијата има 16 колор страници, во кои се илустрирани факти за градот Битола, почнувајќи од неговата позиционираност во Р.Македонија (географски координати) преку неговите обележја, па се до современите архитектонски изрази,
Самата енциклопедија тематски е поделена во неколку дела: историски, архитектонски, природни опкружувања (Пелистер) научни, и уметнички достигнувања (Браќата Манаки .) и интересни факти за Битола, но и потеклото на топонинимите се со цел на најмладата популација да им се приближат информациите со кои  растеле нивните родители, баби и дедовци.
Цртежите и графичката обработка се на Владимир Петков.

Без коментари