Промовирана фондацијата Тома Фила

0
3221

На свеченост во Битола промовирана фондацијата Тома Фила која ќе функционира во интерес на студентите и Универзитетот, а во иднина ќе го стипендира најдобриот студент од Правниот Факултет на битолскиот Универзитет. Адвокатските приправници најчесто копираат домументи, купуваат храна, паркираат нечии автомобили, вака познатиот балкански адвокат кој има потекло од Битола Тома Фила изјави на денешната промоција на неговата фондација.

– Со помош на Коруновски и Главинче дојдовме до идеа да помогнеме на млади луѓе да станат адвокати. Се сеќавам само колку души доаѓаа кај мене да бараат адвокат да ги вработи а не сме ни роднини, на некои успеавме да им помогнеме на некои не, и затоа дојдовме до оваа идеа да еден студент кој ги исполнува критериумите да се стипендира, и што е важно сам да бира кај кој адвокат сака да учи, изјави Тома Фила адвокат

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола по неколкудневните програмски активности посветени на денот на своето формирање – 25 април денешниот настан го одбележи и со доделување на наградите на најдобрите оратори на УКЛО ТРИВИУМ.

– Денес е денот од основањето на УКЛО. Пред 38 години градот Битола преку акт за здружување на повеќе факултети ја добија својата високо образовна институција, тоа е факт кој што постои во овој регион поширок, и низ деценискиот живот и развој на УКЛО можеме да кажеме дека имаме значајни резултати, но тоа не треба да не прави задоволни, напротив УКЛО го сваќаме како една наша обврска кон граѓаните на регионот и на РМ, изјави Д-р Сашо Коруновски ректор на УКЛО

Свеченостите по повод денот на основањето на УКЛО-Битола ќе завршат во среда со промоција на доктори на науки.