Промовирана икона од 19 ти век во Битолскиот Завод и Музеј

0
551

По повод меѓународниот ден на заштитата на културното наследство, во битолскиот Завод и Музеј беше презентирана иконата Богородица Живоносен Источник.

Се работи за презентација на исклучително вредна и ретка икона од 19 ти век на семејството Лала, која стручната екипа на музејот ја реставрираше и конзервираше.

– Врз основа на редовните теренски истражувања, доаѓаме до заклучок дека состојбата со црковните споменици, кои датираат од 10 ти, 11-ти до 19 ти век, е во алармантно лоша состојба-истакна м-р.Ристо Палигора.