Промовирана книга за конфликтот од 2001

0
625

Вонредниот професор д-р Менде Солунчевски, раководител на подрачното одделение на Министерството за одбрана во Демир Хисар, е автор на книгата „Учество на демирхисарските старешини и војници во војната во 2001 година во Република Македонија“ – редок, а можеби и единствен научно – истражувачко – монографски труд направен на оваа тема кој денеска беше промовиран во Демир Хисар.

Книгата ја промовира професор д-р Ѓорѓи Малковски, претседател на Организацијата на резервните офицери кој рече дека книгата на Солунчевски е е исклучително важно четиво за непосредните учесници во одбранбените операции од Демирхисарско бидејќи преку оваа книга, документирано се засведочени многу настани за време на војната во 2001-ва, но и за новите поколенија. Како што нагласи тој, книгата е посебно значајна и заради тоа што нехзиниот автор го одбрал најмакотрпниот пат, преку собирање на афтентични и авторизирани изјави и сеќавања, да направи логичен и хронолошки сплет и ред на настаните од позната воена операција позната како „ЕМ ИКС“ во која што учествувале со која што командувале демирхисарски војници и офицери.

Свои автентични сведоштва од боиштата евоцираа поранешни комананти и војници, непосредни учесници во најопасните и најнеизвесните воени операции.