Промовирана „Крв и роза“ од Виктор Радун-Теон

0
372

Прво македонско претставување на книгата на поезија „Крв и роза“ на книжевникот Виктор Радун Теон кој е роден во Скопје, живее во Нови Сад а работи во Белград. Таа е неговата четврта книга која што ја посветил на жената и на љубовта помеѓу мажот и жената. Жената за поетот е врвен симбол, капија на љубовта која што единствено може да го спаси паднатото човештво.

– Јас ја засновав оваа збирка на замислата на временски циклус кој што според мене е совршен и непрекинат, кој што нон стоп се обновува и еден од симболите кој што јас го привлекувам во сите мои книги е ориборос, а тоа е змија која што ја каса својата опашка,оваа збирка пред се е посветена на љубовта, љубовта уствари е животен сокак, тоа е она што не држи во животна сила , без љубов можеме да се изгубиме, изјави Виктор Радун-Теон авторот на книгата Крв и роза

Крв и роза“ содржи делови од областите што Радун ги проучува, филозофија, мистика, книжевност, но основата на неговата поезија е љубовта како најголема движечка сила. Таа е и своевидна студија на визијата на човекот за иднината.

– Оваа книга е извонредно интересна затоа што тука Виктор сумблимира многу работи а симболиката и на крвта и на розата е извонредно значајна .Но она што е карактеристично за неговата поезија освен тоа што тој работи систематски темелно . дека симболиката е силна и дека има еден сумблимиран поетски израз и со малку зборови кажува многу работи, изјави Проф.Д-р Златко Жоглев

Промоцијата се одржа синоќа во битолскиот музеј .