Промовирана македонската евровизиска песна Дона

0
513

Песната „Дона“, со која Калиопи ќе настапи на 61-то издание на Изборот на песна за Евровизија, што ќе се одржи во мај во Стокхолм, Шведска, беше промовирана во студиото на Македонска радио и телевизија.

Со песната која го нагласува моќниот вокал на пејачката, таа уште еднаш ќе си ја проба среќата на ова најпопуларно музичко натпреварување во светот.

Како и минатиот пат, кога Калиопи учествуваше на „Евросонгот“ во Баку, така и овој пат како комплетен автор на песната се потпишува нејзиниот поранешен сопруг Ромео Грил.

– Овој пат дефинитивно од самиот почеток знаев дека Ромео ја има песната. Имавме повеќе размислувања и за други песни, но на крај се одлучивме за Дона. Мислам дека оваа песна е вистинскиот билет за „Евровизија“ – изјави Калиопи.

Инаку Калиопи со песната „Црно и бело“, ја претставуваше Македонија во Баку, Азербејџан во 2012 -тата година и се пласираше на 13-тото место.