Промовирана програмата- Битола град на културализмот

0
197

Под наслов- Битола градот на мултикултурализмот, јавната општинска установа за деца, Естреја Овадија Мара, ја одржа манифестацијата за промоција на програмата која цели кон прифаќање на мултикултурализмот и различностите.Ова е една од 10- те пилот градинки, кои ја прифатија оваа програма,а манифестацијата е едно заокружување на она што децата од септември до мај оваа година го работеа.

Кај децата со истата се разбиваат предрасудите и се учат да ги прифатат различностите.

Gradinki_-_1.jpg

Програмата беше реализирана со помош на родителите, а истата е добро да се реализира и понатаму-истакна директорката Лидија Петровска,додавајќи дека програмата ќе се реализира и со децета кои се една година помали од оние кои ја посетуваа првата пилот програма.
Оваа година програмата беше презентирана во воспитните групи каде децата се на 5 и 6 годишна возраст.