Промовирани нови 4-ца доктори на науки на УКЛО

0
1014

По повод 38 години од основањето на Универзитетот Свети Климент Охридски, денес беа промовирани нови четворица доктори на науки кои своите дисертации ги одбранија во рамките на високообразовните институции од овој универзитет.На свечената промоција беа присутни двајца од четворицата доктори. За нив оваа титула е признание за нивниот долгогодишен труд на полето на научната дејност.

-Мојот докторски труд беше на тема „Менаџирање на полицијата во справување со кризна состојба“, рече Toни Станковски, вработен во МВР како помошник директор во Бирото за јавна безбедност

Досега на битолскиот Универзитет докторирале 281 доктор на науки.

-Во рамките на прославувањето на 38 години од постоењето на битолскиот Универзитет денес имаме свечена промоција на новите доктори на науки. Денес имаме четворица нови доктори на науки, и со нив бројката изнесува 281 доктор на науки кои што докторирале на Св. Климент Охридски. Од четворицата доктори, двајца се од областа на техничките науки, еден од областа на администрацијата и еден доктор од безбедноста, изјави Проф.Д-р. Сашо Коруновски, ректор на Универзитетот Св. Климент Охридски-Битола

Со денешната промоција завршија активностите по повод основањето на Универзитетот Св.Климент Охеридски Битола. Вчера беше промовирана фондацијата Тома Фила, а во понеделникот се одржа ораторскиот натпревар „УКЛО Тривиум“.