Пронајден дел од тело, две авионски седишта, патни торби

0
821

Меѓу остатоците на египетскиот патнички авион на летот MS804 од Париз за Каиро, кој во четвртокот се урна во Средоземното Море,египетските власти пронајдоа дел од тело, едно или повеќе патнички торби и две авионски седишта, извести во петокот грчкиот министер за одбрана Панос Каменос.

На прес-конференција во Атина грчкиот министер за одбрана Павлос Каменос изјави дека информациите ги добил од египетските власти чиишто спасувачки екипи и воени сили заедно со грчките трагаат по остатоците на авионот од типот „Airbus A-320-232“ на египетската воздухопловна компанија „EgyptAir“ кој се урна во четвртокот утрото со 66 патници и членови на екипажот во областа меѓу грчкиот остров Крит и египетскиот брег.

Египетската армија претходно објави дека нејзините авиони и бродови откриле лични предмети и остатоци од авионот 290 километри северно од египетскиот пристанишен град Александрија.

Портпаролот на вооружените сили на Египет, Мухамед Самир потврди за медиумите дека се пронајдени остатоци, и оти се покажало дека тие му припаѓаат токму на исчезнатиот авион. Египетските спасувачи продолжуваа со пребарување на подрачјето, пренесува телевизијата ON-TV.

„Остатоците се пронајдени малку појужно од местото на коешто, како штос е претпоставуваше, се урнал авионот. Грчките власти претпоставуваат дека тоа се случило на околу 130 наутички милји од островот Карпатос. Потрагата продолжува. Се чини дека египетските авиони локализирале уште остатоци во друга зона, но засега немаме никаква официјална потврда дека станува збор за руината од авионот на EgyptAir“, изјави Каменос.

Грчкиот министер за одбрана посочи дека официјална Атина не може да шпекулира за причините поради кои авионот се урнал. Повтори дека грчките радари регистрирале остри свртувања на неговата патека, и дека авионот веднаш потоа исчезнал од радарите.

Шефот на француската дипломатија, Жан-Марк Ејро, претходно во петокот изјави за телевизијата France 2 дека нема „апсолутни никакви знаци за причините“ на несреќата на египетскиот авион, за која египетските власти ја изнесоа можноста дека станува збор за терористички чин.

Иако египетскиот министер за цивилно воздухопловство во четвртокот изјави дека е „поголема веројатноста“ дека станува збор за терористички напад отколку за технички проблем.

Помош во потрагата по авионот во петокот понуди и американскиот државен секретар Џон Кери во разговорот со египетскиот колега Самех Шукри. Изразувајќи сочувство поради загубените животи, Кери ветил дека ќе останат во контакт во текот на истрагата, се наведува во соопштението на американскиот Стејт департмент./крај/мф/сн