Пронајден мртов во опожарената куќа

0
729

На 21.02.2016 година во 18.40 часот во ПС-Битола било пријавено дека во с.Лисолај, битолско, настанал пожар во куќата сопственост на Т.С. (84), кој од страна на ТППЕ бил пронајден починат. Пожарот е изгаснат. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Битола. Со одобрение на Јавен обвинител телото на починатиот е оставено на фамилијата за погреб.

Без коментари

LEAVE A REPLY