Пронајден нов камион со мигранти во Австрија

0
935

Tри деца се пронајдени во критична состојба во камион со 26 мигранти во Австрија. Камионот бил сопрен во областа Броно, во близина на германската граница, а романскиот 29 годишен возач бил уапсен после потера на полицијата.

Мигрантите биле од Сирија, Авганистан и Бангладеш.

Трите деца за кои беше објавено денеска биле пронајдени вчера речиси целосно дехидрирани, биле однесени во болница, а докторите изјавија дека немало уште многу да издржат во задушливиот камион. Нивните животи не се повеќе загрозени, но ќе бидат задржани во болница, соопштуваат официјални лица.

Без коментари

LEAVE A REPLY