Пронајден женски труп во село Барешани

0
1743

Во битолско вчера била пронајдена починатата М.К. (65) од селото Бaрешани. Телото било во фаза на распаѓање, а пронајдено пред куќата каде починатата живеела.

Лекар од Итна медицинска помош од Битола констатирал дека смртта настапила пред неколку дена.

Увид извршила екипа на СВР Битола, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата е предадено на обдукција.