Пронајдени остатоци од исчезнатиот малезиски авион

0
355

Француски експерт за авијација е уверен дека пронашле делови од авионот на летот MH370 – исчезнатиот малезиски авион. Авионот на Малезија ерлајнс исчезна во близина на брегот на Малезија во март 2014-тата, пишува британски „Телеграф“.

Ксавиер Титлеман, поранешен воен пилот кој во моментов специјализира за безбедност во авијацијата, бил контактиран утрово од страна на човек кој живее на островот Реунион во Индискиот Океан. Човекот му испратил на Тителман повеќе фотографии на кои се гледаат остатоци од авион, за кои се смета дека се од исчезнатиот авион.

Според него и неговите колеги, врз основа на фотографиите може да се заклучи дека највертојатно станува збор за остатоци од авионот Боинг 777, односно ист модел како авионот на Малезија ерлајнс.

Авионот од типот „Боинг 777“ на Малезиан ерлајнс исчезна на летот од Куала Лумпур за Пекинг на 8-ми март 2014-та година со 239 патници и членови на екипажот.