Пронајдени телата на 21 ученик во Мексико

0
135

Претседателот на Мексико, Енрике Пења Нието прогласи тридневна жалост поради страшниот земјотрес со магнитуда од 7,1 степени според Рихтер, во кој загинаа најмалку 225 луѓе.

Кога трикатно училиште  во јужниот дел на Мексико Сити се урна, тоа се направи сендвич, училница врз училница.

Во урнатините беа пронајдени телата на 21 дете и на петмина возрасни лица, но тоа, можеби, не е конечен број на жртвите, како што продолжува очајничката потрага по преживеаните. Се расчистува со се што е достапно, па така и со голи раце и секој што ќе биде спасен влева огромна надеж.

„Ваму има деца“, повикаа спасувачите, по што од една дупка беа извлечени неколку деца, цели во прав, но без видливи повреди.

Околу 210 училишта се погодени од земјотресот, кој во вторникот го погоди централното Мексико со магнитуда од 7,1 степен според Рихтеровата скала. Засега е потврдена бројката од 225 загинати, помалку од првично објавените, од кои најмногу во главниот град Мексико Сити – 94.

Без коментари