Пронајдено оружје кај кичевчанец

0
421

Огнено оружје, пиштол и рамка со шест куршуми калибар 6,35 милиметри, вчера пронајдоа и одзедоа полициските службеници од полициската станица Кичево, соопштуваат од СВР Кичево.

Пиштолот сребрена боја и муницијата се пронајдени при преглед на педесетгодишен кичевец кој се наоѓал во угостителски објект во центарот на градот и нелегално ги поседувал.

Настанот се случил во 16 часот и 15 минути на улицата „ Маршал Тито“ кога кичевецот пристигнал во угостителскиот објект. По претходни оперативни сознанија, криминалистичката полиција извршила преглед врз него и ги пронашла пиштолот и рамката со куршуми.

По претходно известување до Основниот јавен обвинител во Гостивар, тој е лишен од слобода. Тој е познат на службата како сторител на други кривични дела за што е и затворски осудуван.

Пиштолот и рамката со оружје се одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје по што против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава./крај/мф