Пронајдено оружје покрај земјен пат во с.Блаце

0
742

Денеска од страна на Единицата за недозволена трговија при Секторот за внатрешни работи Скопје во соработка со Управата за безбедност и контраразузнавање, а во содејство со Единицата за брзо распоредување, Единицата АЛФА и Единицата за увид на местото на настанот и анализа, преземени се мерки и активности во атар на с. Блаце, поточно во близина на регионалниот пат кон Косово, при што во канал покрај земјен пат пронајдени се два рачни ракетни фрлачи М57, седум рачни бомби, пет запалки за рачни бомби, пушкомитралез од кинеско производство, пушкомитралез со пригушивач за пламен 7,62 мм од руско производство, автоматска пушка АК 7,62 мм, три празни рамки за автоматска пушка и три вреќи со вкупно 2141  куршум калибар 7,62 мм.

На местото на настанот, од страна на Секторот за внатрешни работи Скопје-извршен е увид и пронајдените предмети се подигнати, по што истите со Наредба од Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје ќе бидат предадени на Одделот за криминалистичко технички  иситувања и вештачења при МВР заради изготвување на вештачење.

Секторот за внатрешни работи Скопје презема мерки и активности за целосно расветлување на кривичноправниот настан, по што во консултација со надлежното Основно јавно обвинителство Скопје ќе следуваат соодветни поднесоци.

Без коментари