Пронајдено телото на 61-годишниот овчар од Лисец

0
3291

Пронајдено е безживотното тело на 61-годишниот маж кој се водеше како исчезнат во поплавите во Тетовско, потврди вечерва СВР Тетово.

– Околу 20 часот во близина на наплатнатат рампа Тетово – Гостивар, на излезот од Тетово, десно во ливадите во месноста наречена Бродиште, група луѓе кои собирале пари, предмети и старо железо пронашле безживотно машко тело по што ги известиле надлежните служби, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

Полицијата веднаш го обезбедила просторот бидејќи се претпоставува дека станува збор за еден од исчезнатите во големата поплава што во понедленикот го зафати тетовскиот регион.

Биле повикани членови од семествјото кое потврдило дека станува збор за Р.Ј. (61) од Лисец. Непосредно пред невремето 61-годишниот жител на Лисец заедно со стадо овци заминал во планината над Голема Речица.