Пронајдено телото на исчезнатата српска пејачка Јелена Марјановиќ

0
1425

Српската полиција го пронашла телото на пејачката на Гранд продукција Јелена Марјановиќ, која во саботата исчезна во Борча, соопшти министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.

„Добив потврда дека е пронајдено телото во каналот на територијата на општина Палилула. Не можам ништо понатаму да кажам, тоа оди во правец на ова истрага за која се сомневавме во текот на ноќта“, рече Стефановиќ пред новинарите во Белград.

Исчезнувањето на Јелена Крсмановиќ, омажена Марјановиќ(32) е пријавено во сабота, откако по 15 часот не се вратила од трчање на насипот во Борча.

Исчезнувањето го пријавил нејзиниот сопруг, кој со неа и ќеркичката бил на насипот, пред Јелена да отиде на трчање, по што и се губи секаква трага. /крај/бл/ст