Пропадна референдумот за мигрантските квоти во Унгарија

0
225

Вчерашниот референдум во Унгарија за планот на ЕУ за прераспределба на мигрантите меѓу земјите членки според утврдени квоти, не успеа поради малиот одзив на гласачите, соопшти Централната изборна комисија.

– На гласачите места излегоае само 43 отсто од гласачите, па резултатите од изјаснувањето се неважечки, се наведува во соопштението.

За правна валидност на референдумот, одѕивот требаше да изнесува 50 отсто плус еден гласач.

Од оние кои излегле да гласаат, безмалку 98 отсто се изјасниле против квотите на ЕУ, па унгарскиот премиер и лидер на владејачката десничараска партија Фидес, Виктор Орбан, прогласи „победа на референдумот“.

Во првата реакција по соопштување на резултатите, Орбан му порача на Брисел дека сепак треба да ги земе предвид резултатите од изјаснувањето на Унгарците.