Пропаднаа ли преговорите за Сирија?

0
340

Набргу по почетокот на преговорите за мирно регулирање на конфликтот во Сирија, кои се одржуваат под покровителство на ОН во Женева, специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН Стефан Де Мистура објави дека процесот на преговори е прекинат.

Тој нагласи дека преговорите не се пропаднати, а се наоѓаат “во пауза” до 25 февруари, соопшти AFP.

Де Мистура истакна дека процесот на преговори има потреба од итна поддршка од страна на меѓународните сили, особено од онаа на Русија и САД.

“Стигнав до заклучок дека по првата недела на преговорите се појави уште повеќе работа не само за нас, туку и за заинтересираните страни”, рече тој.

Претставникот на ОН потсети дека од првиот ден настојувал “да не се зборува, само поради разговорот.” Амбасадорот увери дека тоа “не е крај и неуспех на преговорите”.

Во исто време Reuters соопшти дека шефот на делегацијата на сириската влада во Женева Башар Джафари изјавил дека специјалниот претставник на ОН Де Мистура ги прекинал преговорите поради желбата на претставниците на опозицијата да ги напуштат.