Проширена истрагата за настаните во Куманово за уште седум лица, петмина се веќе приведени

0
352

По настаните на 9 и 10 мај во Куманово, населбата Диво насеље, надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција издаде наредба за спроведување на истражна постапка за уште седум македонски државјани.

Осомничените се теретат за сторени кривични дела терористичка организација и тероризам се изведени пред судија на претходна постапка и на предлог на надлежниот јавен обвинител им е определена мерка притвор.

Во големата акција на полицијата утрово веќе биле приведени пет лица кои се сомничат дека соработувале со терористите за време на настаните во Диво Насеље во Куманово.

Акцијата се спроведува главно во кумановските села Брест, Малино и Отља.

Се очекува во текот на денот МВР да соопшти повеќе детали за акцијата.

На 9 и 10 мај без убиени осум полицајци, а триесетина лица беа повредени. Во акцијата беа убиени и десет членови на вооружената група, а 30 се предадоа и против нив се води судска постапка.

www.mkd.mk