Прослава на роденденот на битолската ВМРО ДПМНЕ

0
973

 „ Заедно да го прославиме 26 годишното успешно постоење на ОК на ВМРО ДПМНЕ Битола, на најголемата и најмоќна политичка партија во Република Македонија. Среќен роденден на нашата заедничка визија за успешна и просперитетна Македонија, започната во 90 тите години од храбри луѓе, кои застанаа зад тоа во што веруваа, и спротивно на сите притисоци, игри, местенки, фабрикувања, пркосеа и отпочнаа еден процес на развивање и ширење на идејата на историското ВМРО, носени од идејата за самостојна, суверена и независна Република Македонија. Идеалот на ВМРО е најсилниот македонски идеал, кој мотивира,поттикнув,опоменува, сведочи!

13708355_1224212874269839_2999327667182988250_o
Во овој идеал е вгнездена целокупната суштина на нашето постоење и делување како личности, но и како народ кој има библиска традиција. ВМРО е почетокот и крајот на сé поврзано со Македонија и со Македонците. Тој идеал, издигнувајќи се над времето, над годините и над вековите стана универзална константа која подеднакво го дефинира и нашето минато. Денес на оваа 2
6 годишнина ги поздравувам прво сите тие луѓе од прв до последен кои го создадоа јадрото на ВМРО-ДПМНЕ. Како претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ Битола јавно ја изразувам мојата благодарност и почит кон сите битолчани исполнети со храброст и патриотизам, кои во тоа време беа идеолози, основачи, активисти и поддржувачи“ рече меѓу другото Борче Димитровски претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ Битола.